Себастијан Фицек, германскиот крал на трилерот, загосподарува со етерот со својот нов потресен и застрашувачки трилер.

„Добро утро, Берлин. Точно е 7:35 часот наутро, а вие го слушате вашиот најголем кошмар.“

Ира Самин, реномиран криминален психолог, планира денес да умре. Не може повеќе да ја поднесе болката по смртта на нејзината ќерка. И има испланирано сè до најситниот детаљ. Ќе умре како што таа сака, со пијалак в рака, за да му наздрави на заборавот.

Но судбината има други планови. Еден психопат упаѓа во најпознатата радиостаница и ги држи вработените како заложници. Планира на секој час да избира нечиј број од именикот и да телефонира. Доколку личноста одговори на повикот изговарајќи го точниот слоган, киднаперот ќе пушта по еден заложник – во спротивно, ќе го убие. Тогаш полицијата ја замолува Ира да преговара со него. Мажот има само едно барање: ќе престане со својата изопачена игра кога ќе му ја донесат свршеницата. Но таа е мртва со месеци…

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Надвор од контрола (амок)

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Автор: Себастијан Фицек
  • Достапност: На залиха
  • 590 ден


Слични продукти

Големиот свет

Моќен роман кој нуди патување во најмрачните длабочини на човечката психа.Брачниот пар Луј и Анџела ..

Автор:

550 ден

Враќањето на Шерлок Холмс

НАЈПОЗНАТИОТ ДЕТЕКТИВ НА СИТЕ ВРЕМИЊАЕден и единствен, Шерлок Холмс сензационално се враќа од мртвит..

Автор:

400 ден

Снежана мора да умре

Десет години поминати во затвор поради убиството на Лаура Вагнер и Штефани Шнебергер, Тобијас Сартор..

Автор:

490 ден

Совршеното дете

Кристофер и Хана се среќен брачен пар; тој е хирург, а таа медицинска сестра и имаат речиси совршен ..

Автор:

450 ден

Ознаки: nadvor od kontrola, amok, sebastijan ficek