Што може да открие едно едноставно селфи за три (навидум) среќни девојки?
Тие се млади, убави, мрзливи и веќе со години го изигруваат државниот систем за да добијат социјална помош, така што секоја понудена работа ја одбегнуваат со разни оправдувања. И додека тие единствено се грижат за својот изглед и за обезбедувањето „спонзори“, не се ни свесни дека ѝ паѓаат во очи на една неурамнотежена личност што решила да го ослободи светот од ваквите „паразити“.
За тоа време во парк во Копенхаген е откриено тело на постара жена. Случајот неверојатно потсетува на друго нерешено убиство од пред повеќе од десет години, иако врската меѓу жртвите ја збунува полицијата. Тие мислат дека сличностите се случајни, но, всушност, и тоа како се поврзани.
Детективот Карл Морк и неговиот крајно симпатичен помошник Асад ќе се најдат пред тежок предизвик кога мрачното минато на нивната колешка Роуз, која е во тешка депресија, ќе се соочи со едно нерешено убиство. Дали тимот без нејзиното присуство ќе успее да се избори со сето тоа? И дали Секторот Q навистина ќе се спаси од згаснување?
Слични продукти
Во окното на лифтовите
Се' започна еден понеделник, кога четворица влегоа во лифт во Менхетен. Секој од нив го притисна коп..
490 ден
Бувот лови само ноќе
#2 Миа Кригер и Холгер МункТинејџерка со проблеми во однесувањето исчезнува од домот за млади. Набрг..
450 ден
Зад нејзините очи
Луис е самохрана мајка, секретарка, заглавена во секојдневјето. На едно од нејзините ретки излегувањ..
490 ден
Крикот на ластовицата
Книгата го поставува прашањето: Дали е поопасен сериски убиец што убива педофили или е поопасен чове..
500 ден
Ознаки: selfi, jusi adler-olsen