Прва книга во регионот од наш автор специјалист за криптовалути!

Целта на „Фундаменти на криптоиндустријата“ е секој почетник да ги научи основите на криптосветот, а за тие што веќе се навлезени во темата да го прошират и да го надградат своето знаење. Во оваа книга ќе научите за блокчејн-технологија, за криптовалутите,  за децентрализирани апликации и за протоколи. Тука ќе научите дека повеќето криптовалути презентираат одредена мрежа, апликација и дејност на различни проекти. Инвестирање во криптовалути е генерациска можност за градење финансиска независност, но тоа е возможно само по пат на едукација.

„Јас верувам дека економијата на светот првенствено се темели на принципи кои не се засновани на природата. Тие се премногу централизирани и ги одземаат нештата што ги прават луѓето посилни. Новата блокчејн-технологија првпат ги ослободува луѓето од болката и од стравот што доаѓа со оваа централизирана економија. Сигурен сум дека во иднина сè ќе биде токенизирано, но главна и најважна крстосница за сите ќе биде насоката во која ќе се движиме: дали процесите ќе се случуваат централизирано или децентрализирано.

Денес живееме во свет на информации, но голем дел од тие што се пласираат во јавност се полувистинити; не се дообјаснети или се неточни, особено кога станува збор за криптоиндустријата. Мојот главен извор на едукација е од програмерите што стојат зад проектите, односно зад криптовалутите. Главна цел ми е да ги едуцирам сите што сакаат да ја преземат контролата над своите финансии и да се приспособат на овој нов дигитален свет на финансии и технологии.“ - Дарко Симуновски

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Фундаменти на криптоиндустријата

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Дарко Симуновски
  • Достапност: На залиха
  • 900 ден
  • 675 ден


  • 1 или повеќе 675 ден

Слични продукти

Тврдина

„Тврдина“ е еден од двата класици на великанот на светскиот роман во дваесеттиот век, Меша Селимовиќ..

Автор:

338 ден 450 ден

Млеко и мед

Книгата „Млеко и мед” од авторката и илустраторка Рупи Каур е најпродаваната колекција на поезија и ..

Автор:

225 ден 300 ден

Мери

Дали можеме да кажеме дека љубовта како реалност е подредена на љубовта како идеја? Мери е приказна ..

Автор:

299 ден 399 ден

1Q84 - втора книга

„Ако во светот нема љубов, сè е илузија и имитација.“Во вториот том, Аомаме и Тенго со невообичаено ..

Автор:

375 ден 500 ден

Ознаки: fundamenti na kriptoindustrijata, darko simunovski