Со скршено срце и со надеж за нов почеток, Аби Ховс заминува на работа во внатрешноста на Франција, во близина на замокот Белви. Стариот замок одекнува со гласови од минатото, а Аби ќе ја заинтригира една прекрасна женска приказна, приказна што можеби ќе го промени текот на тоа лето – и нејзиниот живот.

Елејн Мартин во далечната 1938 година чува кошници со пчели во градината на прекрасниот замок Белви. Таму го запознава Матју Дубоск и се вљубува за прв пат во својот живот, надевајќи се дека ги чека среќна иднина. Но, границата на источна Франција се затемнува под облаците на војната, а историјата има други планови со Елејн…

Од авторката на „Море од спомени“ најпродаван историски роман за 2018 година ни доаѓа приказната за две извонредни жени, историски одвоени, жени што морале да ги искористат неволјите во своја полза и да ја пронајдат волјата за издржливост длабоко во себе.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Ветувањето на пчеларот

  • Издавачка куќа: Култура
  • Автор: Фиона Валпи
  • Достапност: На залиха
  • 490 ден


Слични продукти

Ова завршува со нас

Понекогаш, оние што најмногу ги сакаме се тие што најмногу нѐ повредуваат.Лили Блум немала лесно дет..

Автор:

400 ден

Куклата на Ана

Секој човек има некоја лузна на себе. Понекогаш помала, понекогаш поголема, но секогаш тоа е лузна ш..

Автор:

250 ден

9 - ти Ноември

„Ова е љубовна приказна за едно типче (јас) и една девојка (Фалон). Мислам… Може ли да се смета за љ..

Автор:

380 ден

Оксана

Оксана Алексеев е млада, убава, силна и самостојна жена. Не сонува за љубовни бајки, но едно лето ст..

Автор:

250 ден

Ознаки: vetuvanjeto na pcelarot, fiona valpi