Лили и нејзиниот поранешен сопруг Рајл најпосле успеваат да фатат ред со заедничкото одгледување на нивната ќерка, кога таа ненадејно го среќава Атлас, нејзината прва љубов. Пресреќна е што најпосле времето е на нивна страна и веднаш ја прифаќа неговата покана да излезат. Но возбудата ѝ е засенета од сознанието дека, иако повеќе не се во брак, Рајл е голем дел од нејзиниот живот и дека нема да му се допаѓа што Атлас е дел од животот на Лили и нивната ќерка.
Раскажана од перспективите на Лили и Атлас, Ова започнува со нас продолжува токму онаму каде што завршува епилогот од неверојатно возбудливата Ова завршува со нас. Откривајќи ни повеќе детали од минатото на Атлас и следејќи ја Лили додека ја зграпчува втората шанса што ѝ ја дава љубовта, додека и двајцата се справуваат со љубоморниот поранешен сопруг, Колин Хувер ни докажува дека никој не умее подобро од неа да допре до нашите срца.
Слични продукти
Признание
Годините кога Цариград се претвори во Истанбул. Одмазда и страст, добрина или зло, животи расфрлани ..
350 ден
Љубовта е таа што не ја разбираме
Еден врел јулски ден семејството се вози со автомобил, а потоа возачот наеднаш кочи и се случува кав..
250 ден
Збогум најмила
Што е поважно, дали љубовта или пријателството? Дали правдата или мајчинството? И ако човек не може ..
420 ден
Почеток од соништата
По враќањето во долината Хадсон, Итан Бишоп веќе не е истата личност како што беше некогаш. Како пор..
430 ден
Ознаки: ova zapocnuva so nas, kolin huver