Како да се промени животот за само 5 секунди? Оваа книга го открива правилото, базирано на научни факти, со чија помош ќе можете во целост да направите пресврт во вашиот живот.
Ќе научите:
– да бидете посамоуверени,
– да престанете да ги одложувате обврските,
– да ги победите стравот и несигурноста,
– да ги отфрлите грижите и да станете посреќни,
– храбро да ги споделите своите идеи.
Придружете им се на повеќе од десет милиони луѓе што го открија овој метод со кој можат да променат буквално сè. Вие можеби знаете што треба да промените, но оваа книга ќе ви покаже како да го сторите тоа. Користејќи се со научните истражувања за навиките, со сведоштва од луѓе и со изненадувачки факти за некои од познатите моменти во историјата и деловниот свет, Мел Робинс ја објаснува силата на „почетниот импулс“ во моментот кога сакаме нешто да преземеме или да промениме.
Тука во игра влегува правилото „5 секунди“. Тоа ни помага да се придвижиме и, што е најважно – функционира! Ова правило е лесно а неговиот ефект е неверојатен. Впрочем, тоа е тајна со која може да се промени апсолутно сè. Штом ќе го научите правилото, веднаш можете да почнете да го применувате. Ќе ви помогне да живеете, да сакате, да работите и да разговарате со многу поголема самодоверба и смелост!
Слични продукти
Завист и благодарност
Ова фасцинантно дело ќе ги ублажи вашите деструктивни емоции, како што се алчноста или зависта, и на..
300 ден
Големи мисли – голем успех
Авторот на бестселерот "Владеење со себеси" овојпат со најдобрата книга за ментален тренинг! Инспири..
300 ден
Биди мудар и научи да сакаш
365 медитации за 365 нови раѓања. Совладувањето на самиот себе носи голема моќ, преобразувањето на с..
500 ден
Бескрајни можности
Луѓето остануваат во нашите животи или заминуваат од нив врз основа на нашите мисли, уверувања и оче..
450 ден
Ознаки: praviloto 5 sekundi, mel robins