Шеснаесетгодишната Роуз исчезна. Гневна и бунтовна, по жестока кавга со мајка и, таа излета од дома и едноставно исчезна. Зад себе ја остави осумгодишната Клара, помалата обожавана сестра. Изолирана од родителите, во обид да ја заштитат од вистината, Клара е вознемирена и збунета. И нејзината единствена утеха е Мојсеј, мачорот на сосетката, за кого се грижи наместо старата сопственичка - госпоѓа Орчард - која пред неколку седмици замина во болница и се уште не се вратила.

И тогаш, во малиот град на северот, пристигнува Лијам Кејн - штотуку разведен, а од неодамна и невработен маж во средните триесетти години - кој се вселува во куќата на госпоѓа Орчард каде што, според мислењето на Клара, воопшто не припаѓа. И по неколку часа на прагот му пристигнува полицијата. Се чини дека е осомничен за злосторство.

Сепак, кон крајот на животот и Елизабет Орчард размислува за едно злосторство - извршено пред триесетина години - што имало трагични последици за две семејсгва, а особено за едно мало дете. И очајно сака да ги поправи нештата пред да умре.

Раскажан преку три различни уверливи гледишта, романот се движи напред и назад меѓу овие восхитувачки и незаборавни ликови, откривајќи ги слоевите тага, каење и љубов што ги поврзуваат.

Градот што се викаше Солис е маестрален, напнат и мрачно смешен, но истовремено и длабоко човечен роман.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Градот што се викаше Солис

  • Издавачка куќа: Матица
  • Автор: Мери Лосон
  • Достапност: На залиха
  • 490 ден
  • 368 ден


  • 1 или повеќе 368 ден

Слични продукти

Вилинско коњче

На колкава возраст сме подготвени за најтешките разделби и загуби?Смртта секогаш нè фрла во ладна во..

Автор:

263 ден 350 ден

Равенка на стравот

"Ако можете да ја замислите сликата на која гавранот на Едгар Алан По очајнички се обидува да излета..

Автор:

225 ден 300 ден

Пролетен дожд

Ли Спенсер, млада учителка и самохрана мајка на десетгодишниот Били, е во непријатна ситуација порад..

Автор:

368 ден 490 ден

Напишано со каење (Regret duet #1)

Секое девојче сонува за сопствена бајка. Бајката во која силниот витез доаѓа да ја спаси од канџите ..

Автор:

315 ден 420 ден

Ознаки: gradot sto se vikase solis, meri loson