Милан Берг стои на семафор кога одеднаш до него застанува возило. На задното седиште седи ужасно преплашено девојче со солзи во крупните очи. Таа очајно се обидува да залепи една порака на прозорецот за да му каже нешто. Дали бара негова помош или се работи за нешто друго?
Милан не може да ја прочита пораката – тој е неписмен. Само еден од над два милиони луѓе во Германија кои не знаат да читаат и пишуваат. Но чувствува во себе: девојчето е во смртна опасност. Кога тргнува да ја бара, за него почнува една кошмарна одисеја, а на крајот го чека злокобно сознание: понекогаш вистината е премногу ужасна за да можеме да живееме со неа, па способноста за игнорирање е најголемиот подарок што може да постои!
Слични продукти
Сигурен ризик
Две години по своето враќање од Виена, полицискиот инспектор Виктор Николов живее мирен живот во Ско..
350 ден
Повикот на кукавицата
Број 1 интернационален бестселер. Напнат крими-роман сместен во атмосферата на Лондон – од тивк..
550 ден
Жед
Една жена е најдена мртва во нејзиниот стан, со прегризан врат, по состанокот договорен на Интернет...
500 ден
Храмот на натписите
Тлото започнува да се тресе... Консепсион, Чиле, 2010 година. Во целиот тој хаос на Нивес ù приоѓа ж..
300 ден
Ознаки: podarokot, sebastijan ficek