Моќно создадена книга, во која ќе се допрат луѓето и ѕвездите и случајно ќе се измешаат неколку судбини, за да ги измерат небото и длабочините на универзумот, но и копнежот и силината на човечкиот дух. Роман со богата палета од неочекувани ликови, кои ќе ве поведат на возбудливо патување низ дивите предели на Феникс, Аризона.
Младата професорка Аманда Брајтон – брилијантен научник по астробиологија, една вечер ќе биде поканета на свечен прием во куќата на Оскар Леблан – Кралот на челикот. Од тој момент, нејзиниот мирен и едноставен живот ќе се заплетка со членовите на ова моќно и богато семејство…
Меѓутоа, секој од нив крие опасна тајна, а таа ќе биде принудена да се избори со сите нив, па дури и со самата себеси, за да ги сочува своето професионално достоинство и својата чест. Нејзината единствена слабост, во борбата да ги избегне опасните замки на судбината, се потполно неочекуваните чувства кон помладиот син Вилијам...
Линија помеѓу две неба
- Издавачка куќа: Култура
- Автор: Катерина Серафимовска
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
263 ден
-
- 1 или повеќе 263 ден
Слични продукти
Продавачот на сладолед
Барајќи спас, Естер тргнува со непознатиот маж Томаш, како негова сопруга, барајќи мирно место во пр..
300 ден 400 ден
Равенка на животот
Што навистина се случува во еден универзитетски кабинет, во една мрачна есенска ноќ?Постар маж талка..
338 ден 450 ден
