Семејството на Мирабела е посебно, а сите љубители на Исидора Мун веројатно веќе ја познаваат, затоа што Мирабела е братучетка на Исидора Мун! Исидора и Мирабела имаа авантури и претходно, но овде првпат таа ќе биде главен лик во новите приказни.
Мирабела е половина вештерка, половина самовила, целосно палава. Мирабела живее со мајка ѝ, која е вештерка, татко ѝ, кој е виленик, и брат ѝ Вилбур. Нејзино милениче е малото виолетово змејче – Виолета. Обожава да прави вештерски магии под месечевата светлина, исто колку што ги обожава и природата и самовилската магија.
Во „Мирабела прави палавости“ на Мирабела ѝ е забрането да ги понесе своето вештерско волшебно стапче и котелот на традиционалниот самовилски собир… но таа не прави секогаш како што ѝ е кажано… всушност, Мирабела баш ужива да прави палавости каде и да оди. Освен тоа, што би можело да тргне наопаку ако направи малкуцка вештерска магија?!
Мирабела прави палавости
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Хариет Мункастер
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
280 ден
-
- 1 или повеќе 280 ден
Слични продукти
Моите први 100 зборчиња - картонска сликовница
„Моите први 100 зборчиња“ е весела и шарена картонска сликовница од Светот на Биби&nb..
306 ден 360 ден
Хари Потер и Каменот на мудроста
Еден обичен ден во домот на Дарслиеви, на Привет драјв, бр. 4, стигнува писмо за момчето во креденец..
520 ден 650 ден
Белиот песјак
Неверојатните авантури на храброто и непоколебливо куче во дивината.Прекрасно илустриран и адаптиран..
298 ден 350 ден
Како што милувате
„Целиот свет е сцена...“ Една од најцитираните реченици од Шекспир првпат се среќава во оваа драма. ..
128 ден 160 ден
Ознаки: mirabela, hariet munkaster
