Четворица познати браќа и сестри организираат епска забава за да го прослават крајот на летото. Но, во период од 24 часа нивните животи ќе се сменат засекогаш.

Малибу, август 1983 година. Тоа е денот на годишната забава на Нина Рива по повод крајот на летото. Исчекувањето е трескавично. Сите сакаат да бидат во близина на познатите Рива: Нина, талентираната сурферка и супермодел; браќата Џеј и Хад, едниот шампион во сурфање, другиот признат фотограф; и нивната обожавана помала сестра Кит. Заедно, тие се извор на фасцинација во Малибу и во светот – особено како потомци на легендарниот пејач Мик Рива.

Единствената личност која не е баш воодушевена од забавата на годината е самата Нина, која никогаш не сакала да биде во центарот на вниманието и која кусо пред тоа е јавно отфрлена од нејзиниот сопруг – професионален тенисер. Секако, можеби и Хад – поради одложувањето на еден разговор со неговиот брат со кого се неразделни од раѓање. Од друга страна, Џеј ги брои минутите до забавата, бидејќи девојката на која не може да престане да мисли, му вети дека ќе биде таму. И Кит има неколку свои тајни – вклучително и гостинот кој го поканила без да ги консултира другите.

До полноќ забавата ќе биде надвор од контрола. До утрото, куќата на Рива ќе исчезне во пламен. Но, пред таа прва искра во раните утрински часови, на сите страни ќе тече алкохол, ќе ечи музика и љубовта и тајните што ги обликувале генерациите од ова семејство ќе испливаат на површина.

„Малибу во пламен“ е приказна за една незаборавна ноќ во животот на едно семејство: ноќ во која секој од нив треба да реши што ќе избере од луѓето кои ги создале... и што ќе остави зад себе.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Малибу во пламен

  • Издавачка куќа: Арс Ламина
  • Автор: Тејлор Џенкинс Рејд
  • Достапност: На залиха
  • 480 ден
  • 360 ден


  • 1 или повеќе 360 ден

Слични продукти

Тајната аптека

1791 година. Една студена февруарска ноќ, во тајна аптека скриена зад лажен ѕид, во задниот дел..

Автор:

270 ден 450 ден

Ноември

Драматична приказна за едно обично семејство, кое една ноемвриска ноќ е разделено од големата истори..

Автор:

270 ден 360 ден

Нормални луѓе

"Нормални луѓе" е роман за моќта на привлекувањето, за пријателството и за љубовта помеѓу луѓето. Пр..

Автор:

338 ден 450 ден

Ангелско дрво

Поминале 30 години откако Грета го напуштила Марчмонт хол, величествена и прекрасна куќа сместена на..

Автор:

413 ден 550 ден

Ознаки: malibu vo plamen, tejlor djenkins rejd