Хипотеза: Еден мал експеримент може да се претвори во катастрофа, или во светско откритие.
Олив Смит, докторантка на еден од најдобрите оддели за биологија, се сомнева во длабочината на денешните романтични врски. Но на својата најдобра другарка Ан, која толку многу верува во нив, мора да ѝ докаже дека е среќно вљубена. А научниците не веруваат во зборови, туку се потпираат на докази. Како што би постапил секој биолог, и Олив мора да бакне некого за да не биде разоткриена.
Тој некој, ни помалку ни повеќе, е Адам Карлсен, професорот познат како супер ѕвезда на катедрата, кој ѝ станува лажно момче. Но оваа хипотеза се разнишува за време на една научна конференција – Адам ја воодушевува Олив со понудената поддршка, а уште поголемо изненадување приредува со својата привлечност. Одеднаш малиот експеримент станува лесно запалива материја што ги фрла во вода сите прецизно пресметани теории за љубовта. А Олив открива дека има нешто покомплицирано од хипотезата на љубовта – да си го ставиш срцето под микроскоп.
„Забавно, секси и остроумно! Али Хејзелвуд завршила одлична работа со ‘Љубовна хипотеза’.“ - Мариана Запата, најпродавана авторка на „Њујорк тајмс“
Слични продукти
Божиќниот клуб на читатели
Сара Морган ни се враќа со приказна за моќта на книгите да исцелуваат, но и моќта на женското пријат..
490 ден
Статистичка веројатност за љубов на прв поглед
Кој би рекол дека четири минути можат да сменат сѐ?Денес треба да биде еден од најлошите денови во ж..
390 ден
Токио засекогаш
Љубовта може да нѐ рани исто толку лесно колку што може и да нѐ излечи...Изуми Танака – или едностав..
490 ден
Љубов на втор поглед
Како се запознавте? Тоа е едно од основните прашања кои им се поставуваат на сите парови. И одговоро..
590 ден
Ознаки: ljubovna hipoteza, ali hejzelvud
