Се чувствувам изгубено, како да не сум на вистинскиот пат. Се споредувам со другите и се чувствувам неуспешно. Толку сум преплавен со мисли што не можам да спијам.

Се пронајдовте ли во некоја од овие реченици? Не грижете се, сите понекогаш се чувствуваме така, и тоа е сосем нормално. Но, само малкумина успеваат мудро да се справат со овие прашања на секојдневното постоење. Нивните одговори ги знае еден од најголемите филозофи на светот, Сенека, кој ги запишал во своите писма. Што ако некој ги приспособи на сегашниот живот и ви овозможи да го намалите стресот, да го живеете животот што е можно помирно, попозитивно и поисполнето? Јана Капри и Чаран Дијаз го сторија тоа во оваа книга, во која ќе пронадете:

- 79 прашања за животот

- 79 одговори инспирирани од стоикот Сенека

- психолошки промислувања што ќе ви овозможат да живеете исполнет живот.

Ви посакуваме среќно психолошко-филозофско патување, во текот на кое ќе чувствувате помалку неспокој во друштвото на Сенека. Вклопете се во стоичкиот пристап кон животот и променете го начинот на кој мислите, за да може да го разубавите и да го збогатите својот живот.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Остани спокоен со Сенека

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Јана Капри
  • Достапност: На залиха
  • 280 ден


Слични продукти

Владеење со себеси

Владеењето со себеси ја подразбира моќта да се постигне најмногу и најдоброто од себе, а искористува..

Автор:

300 ден

За љубовта

Љубовта е најмоќното, но во исто време и најмалку проучуваното чувство. Нејзиното познавање, како ог..

Автор:

500 ден

Да се живее со Navy SEAL

Џеси Ицлер постигнал многу во животот – има приватна авиокомпанија, косопственик е на „Атланта хокс“..

Автор:

380 ден

Внатрешната свест

Внатрешната свест е уште една од низата извонредни книги од Аткинсон во која ќе прочитате за менталн..

Автор:

300 ден

Ознаки: ostani spokoen so seneka, jana kapri, caran dijaz, чаран дијаз