По разводот, младата привлечна мајка Соња, се обидува да го задржи старателството над нејзиниот син Томас. Мисли дека заминувајќи на Флорида ќе побегне од сопругот. Но… Ова продолжение има уште посилна динамика, психолошки судири и го разоткрива делувањето на наркомафијата во меѓународни размери, но и на банкарските, индустриски олигарси и политичарите, во Исланд, во Данска, САД, Мексико, Франција… Ја илустрира и немоќта на Соња, Томас, Марија, Агла и другите ликови да се извлечат од канџите на организираниот криминал.
Синот на Соња е киднапиран од нејзиниот безмилосен поранешен сопруг, а таа е втурната назад во светот на шверцот на кокаин, но овој пат има сопствен план… Соња се обидува да ги урне наркобосовите и да го врати Томас. Но, работите не се толку лесни како што изгледаат на прв поглед…
„Напнат, неизвесен и дава повеќе од неколку неочекувани пресврти“ – Сандеј Тајмс
„Во ова дело може да се ужива како во самостоен роман, но јас би предложил прво да го прочитате неговиот одличен претходник“ – Гардијан
„Напнат трилер со многу необичен заплет и интересни ликови“ – Марсел Берлинс, Тајмс
Слични продукти
Неописливи нешта
Инспирирано од вистинска застрашувачка приказна од родниот град на авторката, во заедница каде што н..
420 ден
Семејството сепак останува
„Семејството сепак останува“ е роман за извртени бракови, распаднати семејства и смртоносн..
490 ден
Тој и таа
Ако секоја приказна има две страни, значи едниот секогаш лаже...Џек: Има неколку збора кои можат да ..
550 ден
Ирене
Командант Верховен живее идиличен живот со неговата прекрасна сопруга Ирене и очекуваат дете. Негова..
460 ден
Ознаки: mreza, lilja sigurdardotir