Таа ја ризикува својата иднина за него, а тој го губи своето место во историјата заради неа.
Англија, 1879 година. Анабел Арчер, брилијантната но сиромашна ќерка на селскиот викар, се изборува за место во првата група студентки на Оксфорд. За да возврати за добиената стипендија, мора да го поддржува движењето за глас на жените. Нејзина должност: да ги придобие мажите да се залагаат за женските права. Нејзина цел: Себастијан Деверо, студениот и тврдокорен војвода од Монтгомери кој ја води британската политика под контрола на кралицата. Нејзин предизвик: да не попушти пред моќната привлечност на војводата, која е невоможно да се игнорира.
Но ниту тој не може да остане рамнодушен, колку и да се убедува дека му е потребна сопруга со ист социјален статус и со наследство. Умешниот стратег потклекнува пред зелонооката Анабел...
Растргната меѓу љубовта и волјата за слобода, Анабел ќе открие што е потребно за да се покори еден војвода.
„Данмор го доловува духот на ерата со блескава живост, разбивајќи ги стереотипите за викторијанска Англија, запознавајќи нè со група извонредни жени кои одбиваат да живеат како случајни минувачи во своите животи.“ - Ентертејмент викли
„Шармантно, заводливо и апсолутно возбудливо – токму како што треба да изгледа една историска романса!“ - Паблишерс викли
Слични продукти
Сеќавање на љубовта
Во волшебната Прага се раѓа силна и безусловна љубов. Ленка, младата студентка по сликарство и Јозеф..
390 ден
Продолжи да одиш
Софија доживува сообраќајна незгода откако дознава дека Филип, момчето со кое неколку години е во вр..
280 ден
Снеговите на љубовта, книга прва
На бродот за Париз, заедно со Шура замина и минатото на Курт Сеит, сите соништа што никогаш нема да ..
199 ден
Бисерот што ја скрши школката
Кабул 2007 годинаПокрај таткото зависник од дрога, Рахима и нејзините сестри само повремено можат да..
420 ден
Ознаки: pokoruvajkji go vojvodata, ivi danmor