• Порив

Луѓето имаат внатрешен порив да бидат автономни, самоопределени и меѓусебно поврзани. А кога ќе го пронајдат тој порив во себе, постигнуваат повеќе и живеат побогати животи.

Што ги мотивира луѓето подобро да работат? Покачувањето на платата, бонусот или некој друг вид награда? Или, пак, казната ако поставената цел не се оствари? За жал, повеќето веруваат дека овој метод е најдобриот начин за мотивација.

Но експертот Даниел Х. Пинк убедливо го оспорува ваквиот пристап кон менаџментот. Тој изнесува издржани докази против него, засновани врз научни сознанија, и нуди радикално поинаков пристап согласно човековата природа и потребите на денешната економија.

Пинк открива каде се разидуваат науката и бизнисот и како тоа влијае врз секој аспект на животот. Преку досетливи и изненадувачки техники ни ги претставува трите елементи на вистинската мотивација – автономија, мајсторство и намера, и ни дава практични начини за нивна примена со цел да го смениме начинот на размислување, а со тоа и целиот живот. Луѓето постигнуваат најдобри резултати кога се мотивирани однатре, а не однадвор. Ова најдобро го потврдуваат компаниите кои смело го воведуваат ваквиот модел за мотивација.

„Пинк во целиот свет веќе има статус на гуру... Тој е беспрекорен писател кој предизвикува.“ - Фајненшел тајмс

„Овие се лекции што треба да се повторуваат. Колку повеќе компании се осмелуваат да ги следат советите на Пинк, толку подобро.“ - Волстрит џурнал

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Порив

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Даниел Х. Пинк
  • Достапност: На залиха
  • 500 ден


Слични продукти

Како да се сака

Како да се сака

Што е љубовта?Во своето длабоко, провокативно дело, Ошо – еден од најреволуционерните мислители на с..

Автор:

380 ден

Внатрешен инженеринг

Внатрешен инженеринг

Револуционерен начин на размислување за нашите активности и хуманоста, и за можноста да постигнеме н..

Автор:

420 ден

Триумфирај во животот

Триумфирај во животот

Секое суштество живее во сопствен ментален свет. Неговите радости и таги се креации на неговиот ум и..

Автор:

400 ден

Железна волја

Железна волја

Човек кој поседува некоја дарба, поткрепена со цврста волја, ќе оствари многу повеќе од човек со дес..

Автор:

100 ден

Ознаки: poriv, daniel pink