Во оваа научно поткрепена, но истовремено и мошне практична книга, Даниел Џ. Сигел и Тина Пејн Брајсон ни нудат револуционерен пристап кон воспитувањето деца придружен со дванаесет стратегии што помагаат за здрав развој на детскиот мозок, а со тоа и поспокојни и посреќни деца. Како што објаснуваат авторите, „горниот мозок“, кој донесува одлуки и е одговорен за емоциите, е „во изградба“ сè до средината на дваесеттите години од животот, а особено кај малите деца, токму десната страна на мозокот и емоциите доминираат врз логиката на левата страна. Затоа не е ни чудно што децата приредуваат тантруми, се расправаат едни со други или молчат намуртени. Преку примената на овие откритија во секојдневното родителство, можете да ги претворите испадите, расправиите или стравовите во можност за интеграција на мозокот на вашето дете и негов растеж.

Во книгава ќе најдете и стратегии соодветни за возраста на детето, кои ќе ви помогнат при справување со секојдневните борби и предизвици, како и илустрации што ќе ви користат да му ги објасните овие концепти на вашето дете.

„Менталниот склоп на детето“ ви покажува како да негувате здрав емоционален и интелектуален развој за вашите деца да живеат живот полн со урамнотеженост, смисла и поврзаност со другите.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Менталниот склоп на детето

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Даниел Џ. Сигел и Тина Пејн Брајсон
  • Достапност: На залиха
  • 450 ден


Слични продукти

Животот те сака

Една од омилените афирмации на Лујза гласи Животот те сака!  Таа ги симболизираат нејзиниот жив..

Автор:

280 ден

Биди и имај

Со промена на вибрациите до финансиска слобода!Ова не е обична книга за парите, ова е необична книга..

Автор:

650 ден

Љубов, омраза, лекување

Оваа книга ќе ви помогне да изградите подобра емоционална врска со другите, но и да се откриете себе..

Автор:

400 ден

Твојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден

Што да правиш кога одеднаш ќе се најдеш заглавен во стапицата на секојдневната рутина, кога ќе сфати..

Автор:

340 ден

Ознаки: mentalniot sklop na deteto, daniel sigel, tina pejn brajson