Дејството се одвива на остров што го нема на картата, но никој не се сомнева во неговото постоење. Тој не може да се најде во учебниците по историја, но настаните ни се сосема познати!
Новиот роман на Водолазкин е хроника на еден измислен остров, кој многу потсетува на вистински настани од руската историја. Книга во која се сплотени неколку различни епохи: средновековието, дваесеттиот век и сегашноста. Водолазкин умешно ги преплетува историските настани со такви што ниту постојат ниту може да постојат. Но, во исто време, фикцијата што е присутна не нѐ спречува да ја препознаеме и јасно да ја видиме сопствената стварност.
„Оправдание на Островот“ е метафора за тоа што може да ѝ се случи на историјата. Одраз на суштината на времето што изминува и на значењето на историјата… на тоа дали пишаниот збор секогаш има тежина и моќ… на тоа како времето влијае врз луѓето.
Империи се раѓаат и паѓаат, но несебичната љубов не умира, а односите меѓу луѓето остануваат токму какви што биле пред векови и векови наназад.
Оправдание на Островот
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Евгениј Водолазкин
- Достапност: На залиха
-
450 ден
Слични продукти
Фактологија
Свесноста за фактите е навика која го намалува стресот и гради ставови засновани врз цврсти аргумент..
500 ден
Вештица
Една девојка од Македонија во седумнаесеттиот век заминува по игра на судбината во Хрватска. Во Хрва..
380 ден
Умрен човек
Пак јас...Прости ми, пријателе мој, посилно е од мене... Ти ветив дека повеќе нема да пишувам за себ..
400 ден
Толку долго патување
Густад Нобл е чесен човек, горд татко и добар сопруг кој сонува за безбеден живот во мирно соседство..
350 ден
Ознаки: opravdanie na ostrovot, evgenij vodolazkin