Среде воената диктатура во Нигерија, кога сите се обидуваат како што знаат и умеат да побегнат од земјата, двајца тинејџери лудо ќе се вљубат додека околу нив светот тоне во хаос. Се разбира, безмилосната реалност ќе им ги скрши срцата, но по тринаесет години Ифемелу и Обинзе повторно ќе се сретнат на другиот крај од светот и ќе се обидат одново да ја откријат својата младешка страст.

Американа е длабока и нежна љубовна приказна која се обидува да одгатне дали љубовта сè уште е важна во светот во кој живееме. Храбар, топол, мудар и искрен роман, наградуван со бројни признанија, омилен и кај критиката и кај читателите.

„Прекрасен и длабок роман на една од најзначајните авторки на нашето време.“ - Тајмс

„Комично и пркосно, а во исто време и толку мудро дело… Брилијантна книга.“ - Сан Франциско кроникл

„Американа е редок настан во современата книжевност: сочна и срдечна љубовна приказна која во исто време е и остра критика на вредностите во нашето општество.“ - Воуг

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Американа

  • Издавачка куќа: Артконект
  • Автор: Чимаманда Нгози Адичи
  • Достапност: На залиха
  • 450 ден


Слични продукти

Божиќ во големиот, блескав град

Магичен роман во која се воспеваат љубовта и празниците обвиени во топлина и мноооогу светлина.Со пр..

Автор:

450 ден

Ова започнува со нас

Лили и нејзиниот поранешен сопруг Рајл најпосле успеваат да фатат ред со заедничкото одгледување на ..

Автор:

520 ден

Книгољупци

Едно лето. Двајца соперници. И заплет каков што ниеден од нив не очекува…Сиот живот на Нора Стивенс ..

Автор:

550 ден

Ајде погледни ме сега

Нели Саливан секогаш била позната како „Госпоѓата со петгодишен план“. Но, кога ќе остане без р..

Автор:

420 ден

Ознаки: amerikana, cimamanda ngozi adici