Вистински значајните нешта во нашите животи можат да се соберат само во две-три кутии. Ако навистина имаме среќа, на крајот во тие кутии ќе има само неколку спомени кои сакаме да ги заборавиме засекогаш. Дали е подобро да се соочиме со себе или да ризикуваме да се изгубиме себеси?

Преплетувајќи приказни за две исклучителни жени, храбриот роман на младата исландска книжевна ѕвезда, Кристин Еириксдотир, зборува за големите трауми и малите животни радости, за сеќавањето и заборавањето на најважните мигови од животот, за неправдата која е проткаена низ нашите животи и начините да ја надминеме, или барем да научиме да живееме со неа. „Елин, разно“ е исклучително актуелно дело кое ги допира горливите прашања со кои сме принудени да се соочиме во нашиот сè попроблематичен свет.

„Главните теми во делото на Кристин Еириксдотир се копнежот по љубов и разбирање, како и борбата против излоацијата, осаменоста, насилството и стравот. Романот ‘Елин, разно’ ги обединува сите овие мотиви. Во него јасно го слушаме моќниот глас на една млада жена, преточен во комплексен и густ уметнички текст.“ - Извадок од образложението на номинацијата за наградата за книжевност на Нордискиот совет

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Елин, разно

  • Издавачка куќа: Артконект
  • Автор: Кристин Еириксдотир
  • Достапност: На залиха
  • 325 ден


Слични продукти

Нераскажаната приказна за Квин : дали е ова вистинскиот живот?

"Дали е ова вистинскиот живот?" навлегува подлабоко во јавната слика на групата „Квин“ и во животите..

Автор:

500 ден

Aктивната страна на бескрајот

Овој автобиографски роман го претставува долгиот пат, животниот пат на Кастанеда, фокусиран на негов..

Автор:

200 ден

Хомо Деус

Јувал Ноа Харари, автор на светскиот феномен Сапиенс: кратка историја на човечкиот род, продолжува с..

Автор:

500 ден

Волга, Волга

Секој петок, Џелал Пљевљак патува 116 километри со својата црна волга, од Сплит до Ливно. Оди во џам..

Автор:

450 ден

Ознаки: elin, razno, kristin eiriksdotir