Пајпер Дав е жена со сон – да стане најдобриот детектив во Чикаго. Прва задача? Да го следи бившиот бек на Чикаго Старс, Купер Грахам. Проблем? Грахам ја открива и не е среќен.
Па затоа добрите детективи мора да знаат да работат под притисок и брзо да размислуваат. „Јас те демнам. Не сум опасна. Човече, никако. Повеќе нешто како малку опседната со тебе…“
Пајпер наскоро почнува да работи за Грахам, но не како телохранител затоа што тој одбива да признае дека очајно му е потребен. Тој ја ангажира да ги надгледува вработените во неговиот ексклузивен ноќен клуб. Но одеднаш, неговиот живот е во опасност и Пајпер е решена да го заштити, без разлика дали тој сака или не. (А тој дефинитивно не сака!) Проблемот е што таа истовремено се справува и со куп други тешки клиенти. Во секој случај, најтежок од нив е самиот Купер Грахам – легендарен спортски херој кој секогаш го добива тоа што го сака. Па макар тоа била тврдоглава детективка смртно решена да му докаже дека е подеднакво силна како него.
Во стилот на Сузан Елизабет Филипс, романтична комедија што освојува уште од првата глава.
Првата вечерна ѕвезда
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Сузан Е. Филипс
- Достапност: На залиха
- 440 ден
-
330 ден
-
- 1 или повеќе 330 ден
Слични продукти
Романтична комедија
Зар не бараме сите некој со кого можеме да разговараме за сè? На кој вреди да му ги раскажеме своите..
413 ден 550 ден
Сосед од пеколот
Хејли е тивка, кротка девојка која нема многу луѓе и задоволства во својот живот, па ужива во малите..
285 ден 380 ден
Те нема никаде
Изабела Месини се пријавува за болничарка на Црвениот крст со цел да побегне од куќата на мајка си. ..
338 ден 450 ден
Бисерната сестра
Бисерната сестра е четврта книга од серијалот Седумте сестри.Ова е како одење на фантастичен книжеве..
413 ден 550 ден
