Во земја каде што добрата репутација вреди повеќе и од љубовта, еден млад човек паѓа во искушение…
Џозефин е млада Филипинка која работи како куќна помошничка во угледно семејство во Кувајт. Амбициозна и полна со надежи, таа слепо се заљубува во младиот и амбициозен господин во куќата. По кратка љубовна врска, таа останува бремена и тајно се венчаат. Потоа набрзо им се раѓа син. Но, работите не одат според планираното: нејзиниот сопруг ја напушта и ја враќа дома во сиромаштија на местото од каде што таа потекнува, заедно со нивниот син Хосе. Како што расте Хосе, живее во надеж дека еден ден ќе се врати во ветената земја на неговиот добар и угледен татко. Но, дали неговото семејство ќе ги исполни неговите очекувања?
Приказна за еден млад човек заробен помеѓу две различни општества – каде што давањето без љубов нема вредност и земањето без благодарност нема вкус.
Слични продукти
Четирите ветришта
Тексас, 1934. Милиони се без работа и невидена суша ги пустоши Големите рамнини. Фармерите се борат ..
500 ден
Диви црешни
Дивите црешни живуркаат на периферијата на едно обично село, во кое живее и едно обично семејст..
390 ден
На небото има реки
Водата се стврднува при неповолни услови, исто како и човечкото срце...Во древноста, крај животодавн..
650 ден
Клубот на убиства во четврток
Брилијантна четворка со неколку скриени трикови во ракавите, жена полицаец со својот прв голем ..
500 ден
Ознаки: arapot, saud alsanusi

