Книга од круцијално значење за психијатри и за сите оние кои се обидуваат да го разберат, спречат или лекуваат огромното страдање – предизвикано од траумата. Траумата предизвикана од занемарување во детството, семејно или сексуално насилство и низа други трауматски настани, предизвикува хаос во нашите глави.

Врз база на четириесетгодишното научно истражување на самиот автор, кој е истакнат професор доктор по емоционална траума и претседател на многубројни научни студии по невронаука, тој ја користи модерната наука за да докаже како траумата влијае на мозокот, така и на телото и предизвикува вознемиреност, бес и слаба концентрација. Жртвите имаат проблеми со сеќавањето, довербата и формирање на врски…

Авторот на ова дело нè води на едно патување кое е преполно со приказни за негови пациенти и нивните борби, интерпретирани низ текот на неговата кариера каде ја опишува најважната серија на откритија на менталното здравје – како психолошката траума го распарчува умот… Покрај тоа, доаѓаме и до нови сознанија дека траумата и покрај тоа што го распарчува умот, го разболува и телото. И учиме за нови пристапи на лекување кои им овозможуваат на луѓето со најтешки форми на траума повторно да ги спојат сите делови, за да го најдат својот пат за излез од морето на страдањето.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Лечење на траума

  • 490 ден


Слични продукти

Како да се здобијат пријатели и наклоност на луѓето

Моќен и докажан водич што поттикна илјадници славни луѓе да стигнат до врвот на успехот во бизнисот ..

Автор:

400 ден

Современо семејство

Духовит и практичен водич низ предизвиците на современото семејство.Како да воспоставите добри однос..

Автор:

450 ден

Thrivity Активатор

Наменет за сите што веруваат дека можат подобро!Thrivity Активатор е интерактивен водич во развојот ..

Автор:

600 ден

Психологија на сексуалноста

На овој свет ништо не е реално освен љубовта. Човек се изморува од размислување, па дури и од дејств..

Автор:

400 ден

Ознаки: lecenje na trauma, kolk