Франција, 1714 година. Ади Лару сака само едно: да се ослободи од оковите на животот во провинција за да може сама да господари со својата судбина. Во момент на очај таа се спогодува со ѓаволот, кој за возврат и ветува слобода и вечна младост. Но, цената за тоа е висока; секого кого ќе го сретне, набргу ја заборава. И така младата жена почнува патување низ вековите што ја носи на различни места од европската историја, спознавајќи ја притоа тенката граница меѓу осаменоста и малодушноста. Ади Лару се обидува да остави трага во времето и просторот, во историјата на уметноста: таа е позната муза на старите мајстори, безимена убавица во песните на големите поети. Триста години подоцна, Ади во една книжарница во Њујорк запознава момче кое ќе ја запамети...
„Невидливиот живот на Ади Лару“ е историско-фантастичен роман, горко-слатка љубовна приказна, но и омаж на уметноста и уметничката инспирација. Со фаустовски заплет и промислувања за моралот и смислата на животот, овој роман ги надминува границите на жанрот фантастика и со надвременската убавина на класиците гарантира задоволство при читањето на секој што ќе посегне по него.
Невидливиот живот на Ади Лару
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: В.Е.Шваб
- Достапност: На залиха
- 560 ден
-
420 ден
-
- 1 или повеќе 420 ден
Слични продукти
Госпоѓица Шанел
Роман исполнет со драма, страст, трагедија и убавина, кој неверојатно го опишува животот на познатат..
443 ден 590 ден
Споменот на него
По отслужувањето затворска казна од пет години за трагична грешка од минатото, Кена Роуан се враќа в..
368 ден 490 ден
Часовничарот
Потресен и мудар роман за немирната совест и болните семејни односи...Секоја вечер, додека ги закопч..
188 ден 250 ден
Небото под нас
Инспиративна приказна за авантурата, љубовта, загубата и храброста.1927 год: Виолета Макензи-Грант з..
390 ден 520 ден
Ознаки: nevidliviot zivot na adi laru, svab
