Мудроста човек може да ја најде и да ја живее, со неа можат да се прават чуда!
„Сидарта“ е еден од најдобрите алегорични романи на светот. Приказна за духовното патување на едно момче кое има сѐ, но постојано чувствува дека нешто му недостига. Затоа и заминува во потрага по вистината, по аскетски пат кој го носи до одрекување од богатството, задоволството, привилегиите, кој првин го фрла во очај, а потоа го лекува со надеж.
Барањето значи да се има цел, а наоѓањето значи да се биде слободен, отворен, без цел. Сидарта успева да се извлече од желбите и барањето, да стигне до духовно исполнување кое до ден-денес инспирира, воодушевува и влијае врз безброј генерации мислители, читатели, писатели и обични гости на овој свет.
Нобеловецот Херман Хесе е синтеза на различни филозофии – источните религии, Јунговите архетипови, западниот индивидуализам и една неповторлива творечка мисла – сите обединети во единствена визија за животот изразена преку еден лик во потрага по вистината. Со оваа книга тој во наследство не ни остава само класика туку и непресушна мудрост за смислата на постоењето.
Сидарта
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Херман Хесе
- Достапност: На залиха
- 250 ден
-
188 ден
-
- 1 или повеќе 188 ден
Слични продукти
Фурам феминизам
Зошто мама раскрева по дома, а не тато? Зошто го носам презимето на тато, а не на мама? Зошто знаеме..
225 ден 300 ден
Мојата борба 2
По излегувањето од печат, "Мојата борба" била наречена „Библија на германскиот народ“, но за многуми..
280 ден 400 ден
Собрани раскази
Расказите, од кои некои се во форма на басни, алегории или параболи, заземаат централно место во тво..
525 ден 700 ден
Ознаки: sidarta, herman hese
