Умешноста со парите зависи многу повеќе од начинот на кој се однесувате отколку од вашата интелигенција. А однесувањето тешко се учи, што важи дури и за најпаметните луѓе.
Пари, инвестиции, лични финансии и деловни одлуки – сите се изучуваат како наука заснована врз математиката во која податоците и формулите прецизно го одредуваат следниот чекор. Но во вистинскиот живот луѓето не носат финансиски одлуки врз основа на табели, туку одлучуваат додека се на вечера или во соба за состаноци – а во тие одлуки се обединуваат нивното минато, индивидуалните гледишта на светот, нивното его, гордоста и личниот поттик.
Во „Психологија на парите“ докажаниот автор Морган Хаусел во 19 поглавја ги истражува невообичаените ставови што луѓето ги имаат кон парите и ги учи како подобро да го разберат едно од најважните животни прашања.
„Ретко кој може да напише книга за финансиите со таква јасна прецизност како Морган Хаусел.“ - Даниел Х. Пинк
„Секој човек треба да има примерок од оваа книга.“ - Џејмс Клир
„Ставовите на Хаусел погодуваат право во целта: ги изложуваат нештата што никогаш претходно не биле кажани, а истовремено имаат и смисла.“ - Хауард Маркс
Слични продукти
7 Навики на успешните луѓе
7 Навики на успешните луѓе е обемна програма за развивање на свеста за тоа како досегашните перцепци..
500 ден
Завист и благодарност
Ова фасцинантно дело ќе ги ублажи вашите деструктивни емоции, како што се алчноста или зависта, и на..
300 ден
Како да се здобијат пријатели и наклоност на луѓето
Моќен и докажан водич што поттикна илјадници славни луѓе да стигнат до врвот на успехот во бизнисот ..
400 ден
Управување со времето
Вашиот успех најмногу зависи од способноста што ја имате за управување со времето. Едноставно е: кол..
250 ден
Ознаки: psihologija na parite, morgan hausel