Еден поинаков свет, веќе десетина години ги привлекува близнаците Шон и Дилoн Кирел. Местото што го имаат детално нацртано на ѕидовите од својата соба, цврсто убедени дека тој свет постои таму некаде. Наскоро, по нивниот седумнаесетти роденден, им пристапува еден мистериозен човек. За него, Земјата е само далечна и заборавена станица на човечката цивилизација. Но, објаснува дека Шон и Дилoн имаат уникатна дарба - способност во моментот да се префрлат од едно место на друго. Лицата како нив, па згора на сè и близнаци, се многу ретки, па затоа имаат можност да се докажат како регрути пред Собранието. Ако не успеат да го решат проблемот во рок од триесет дена, целото сеќавање ќе им биде избришено. Или ќе успеат како меѓупланетарни патници или сета авантура ќе исчезне како прав.
Непресушната имагинација на Томас Лок ги предизвикува читателите да го сфатат времето, просторот и човековите ограничувања.
Слични продукти
Фатена во тесно
Луѓето не исчезнуваат тукутака. Но, токму тоа му се случи на Том Ватли, сопруг на една од колешките ..
520 ден
Заклучи ги сите врати
Во „Бартоломеј“ ништо не е како што изгледа. Влегувате на сопствен ризик...По низата несреќи што ги ..
400 ден
Бегство
Како да фатите бегалец кој нема што да изгуби?Еден опасен затвореник, на кој му се посреќува, се пуш..
420 ден
Долината на стравот
Шерлок Холмс се соочува со еден од најопасните случаи во својата кариера. Тој добива загадочно ..
300 ден
