Кога дедото на Естер, Ханибал, ја купува куќата на "Палермовај", улица на данскиот остров Амагер, во 1921 година, тој си замислува дом исполнет со опера, боеми и опојна љубов како онаа наведена во моќната Песна над песните. Меѓутоа, за неговата невеста, руската акробатка Варинка, времето на чуда завршило во оној момент кога ја видела својата прва љубов како исчезнува во устата на нилски коњ кој, за да биде уште полошо, требало да биде слон и да стане нова ѕвезда во циркусот на татко и.

Ева, ќерката на Ханибал и Варинка, стјуардеса која сака гламур, а се чини и дека е видовита, почнува далеку пострасна љубовна приказна кога се вљубува во шведскиот скротител на гулаби Јан Густав. Така, потрагата на Ханибал по љубов и уметнички талент се пренесува на неговите внуки, близначките Естер и Олга, кои се натпреваруваат за епитетот млада уметница во семејството. Во меѓувреме, нивната постара сестра Филипа, повеќе сака да стане прва жена космонаут, но болеста прерано и го одзема животот.

"Кога животот ќе ти подметне нилски коњ" е трогателен и незаборавен роман за стремежот кон Љубовта на векот, за поднесувањето голема загуба и за давањето - и покрај се - уште една шанса на животот. Раскажана низ призмата на срамежливата сликарка Естер, оваа сага следи три генерации кои живеат под ист покрив, со повремени излети до париската оперска сцена и циркусот "Савалскаја" на периферијата на Санкт Петербург.

„Ако сте желни за авантура или сте во потрага по љубов, а секогаш не ја гледате светлата страна на животот, тогаш ова е вистинската книга за вас - блескава, фантастична, едноставна и неверојатна.“ - Femina

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Кога животот ќе ти подметне нилски коњ

  • Издавачка куќа: Матица
  • Автор: Анете Бјерфелд
  • Достапност: На залиха
  • 550 ден
  • 413 ден


  • 1 или повеќе 413 ден

Слични продукти

Чудо

Нема да ви опишам како изгледам. Како и да ме замислувате, најверојатно е полошо од тоа.Август Пулма..

Автор:

312 ден 390 ден

Фати го зајакот

„Фати го зајакот“ е приказна за две жени и нивното сложено пријателство. Дванаесет години по нивната..

Автор:

203 ден 290 ден

Ти си мојот живот

… Ја позеде со растреперени раце и треперлив глас, извика: "Кај си, сонце на мама. Кај си, среќ..

Автор:

263 ден 350 ден

Млекарот

Животот на една осумнаесетгодишна девојка одеднаш целосно ќе се промени кога ќе сфати дека ја демне ..

Автор:

413 ден 590 ден

Ознаки: koga zivotot kje ti podmetne nilski konj, anete bjerfeld