Најпродавана книга според Њујорк тајмс, инспирирана од вистински настани за животот на фалсификаторите на документи во време на Втората светска војна.
Ева Трауб Абрамс, библиотекарка од Флорида, која е речиси пред пензија, едно утро, редејќи книги на полиците, погледот и запира на една фотографија во едно списание кое лежи отворено на нејзиното биро. Таа се замрзнува, тоа е слика на книга што не ја видела повеќе од шеесет и пет години – книга која е позната под името „Книгата на изгубени имиња“.
1942 година, Ева е принудена да избега од Париз по апсењето на нејзиниот татко, полски Евреин. Наоѓајќи засолниште во едно мало планинско гратче во слободната зона, таа започнува да фалсификува лични документи за еврејските деца што бегаат во неутрална Швајцарија. Но, бришењето на луѓето има цена, и заедно со мистериозниот, убав фалсификатор по име Реми, Ева одлучува дека мора да најде начин да ги зачува вистинските имиња на децата кои се премногу мали за да се сетат кои се тие навистина. Записите што ги чуваат во „Книгата на изгубени имиња“ ќе станат уште поважни кога ќелијата на отпорот за која работат ќе биде предадена и Реми ќе исчезне…
Книгата на изгубени имиња
- Издавачка куќа: Култура
- Автор: Кристин Хармел
- Достапност: На залиха
-
500 ден
Слични продукти
Маската од Венеција
Драматична, исполнета со романса и неверојатни заговори, приказна за интригите, измамата, болката, љ..
550 ден
Ти подарувам ѕвезди
Инспириран од една неверојатна вистинска приказна, „Ти подарувам ѕвезди“ е роман за пет неверојатни ..
490 ден
Иларија
Иларија е млада девојка, весела и среќна и опкружена со луѓе кои многу ја сакаат. Има неколку добри ..
250 ден
Чудни цвеќиња
Чудни цвеќиња е приказна за прогонството и враќањето, за загубата и откривањето, за залекувањето од ..
350 ден
Ознаки: knigata na izgubeni iminja, kristin harmel