Срцето може буквално да боли, не метафорично – од тежината на споменот, копнежот и бесот.

Пред многу години, Џоузи е убиена во терористички напад во воз во Франција. Барем така мисли сестра ѝ Кит, докторка во Санта Круз, која со години се обидува да се помири со трагичната судбина на Џоузи. Но сета насобрана тага прераснува во збунетост и гнев во мигот кога ја здогледува на телевизија. Гледајќи вести од некој ноќен клуб во Нов Зеланд во кој се случил пожар, таа згогледува една жена која излегува од чадот и рушевините. Сличноста е неверојатна и непогрешлива. Тајните што долго време биле закопани испливуваат на брегот, каде што ги чека нова бура. Можно ли е да е жива? Ако е така, зошто не се јавила? Зошто посакала да води друг живот додека сите ја сметаат за мртва?

Во потрага по одговори, Кит заминува за Нов Зеланд. Повторната средба на сестрите значи откривање на долго чуваните тајни и соочување со вистината што ги држела одвоени. „Кога верував во сирени“ е роман кој нè потсетува дека некои врски, особено семејните, колку и да се болни и тешки, сепак се нераскинливи.

„Емотивна приказна за поврзаноста на две сестри и неможноста да се соочат со болната вистина.“ - Тудеј

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Кога верувавме во сирени

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Барбара О’Нил
  • Достапност: На залиха
  • 500 ден
  • 400 ден


  • 1 или повеќе 400 ден

Слични продукти

На работ

Што би направил кога копнежот те турка до работ?Истражувачката новинарка Кетрин Кет Мартин го запозн..

Автор:

392 ден 490 ден

Шаги Бејн

Во 1981 година, Глазгов тоне во економска и социјална криза. Агнес Бејн со своите три деца и сопруго..

Автор:

413 ден 590 ден

Хана

Деветгодишната Мира оди со другарите на река за да си играат пловејќи на парчиња мраз и покрај тоа ш..

Автор:

259 ден 370 ден

Скици од Венеција

2001 година…Каролин Грант се бори со прифаќање на крајот на својот брак, кога ќе добие неочекувано н..

Автор:

473 ден 630 ден

Ознаки: koga veruvavme vo sireni, barbara o'nil