Срцепарателна, љубовна историска приказна инспирирана од вистински ликови кои биле дел од отпорот за време на Втората светска војна во Австрија и мистериозно љубовно писмо што поврзува генерации еврејски семејства.

Австрија, 1938
Кристоф е млад чирак на еврејски мајстор за изработка на поштенски марки. Кога неговиот учител исчезнува за време на Кристалната ноќ, Кристоф е принуден да продолжи да изработува марки за Германците, а истовремено работи и со Елена, ќерката на неговиот сакан учител, на фалсификување документи за што повеќе Евреи да побегнат од државата. Додека се вљубува во Елена во екот на бруталниот хаос на војната, Кристоф мора да најде начин да ја спаси неа и да се спаси себеси.

Лос Анџелес, 1989
Кејти Нелсон си ги средува животот и куќата после тежок развод и налетува на колекцијата поштенски марки на татко ѝ, кој од неодамна е во дом затоа што почнува да го губи помнењето. Кога ги носи кај проценител, тој открива необична поштенска марка од Австрија од времето на Втората светска војна, залепена на старо љубовно писмо кое никогаш не стигнало на својата финална дестинација. Кејти и Бенџамин, проценителот на стари марки, заедно почнуваат да откриваат приказна која зборува за страст и трагедии кои се протегаат низ декади и континентни.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Изгубеното писмо

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Автор: Џилијан Кантор
  • Достапност: На залиха
  • 420 ден


Слични продукти

Жената не е маж

Човек мора да ја дочита приказната докрај за да ги дознае одговорите. Така е и со животот. Никој ниш..

Автор:

500 ден

Самурајот од Севилја

Самурајот од Севилја е љубовна приказна од средновековна Шпанија, во седумнаесеттиот век. Љубов што ..

Автор:

470 ден

Малибу во пламен

Четворица познати браќа и сестри организираат епска забава за да го прослават крајот на летото. Но, ..

Автор:

480 ден

Трач

Од бестселер-авторката на „Њујорк Тајмс“! Емотивната сага "Трач" е прекрасна книга од „кралицат..

Автор:

400 ден

Ознаки: izgubenoto pismo, djilijan kantor