Да почнам повторно, ќе напише Мало Куче, младич во дваесеттите години, во првиот ред на писмото упатено до неговата неписмена мајка која никогаш нема да може да го прочита. Доделувајќи им ја на сите читатели - освен на мајка си - улогата на непосредни сведоци на интимната исповед, Мало Куче започнува силна приказна за идентитетот, растењето, машкоста и љубовта. Со искуства што безрезервно ќе ги сподели со сите - јасно определени од потеклото и од сексуалноста, но и од семејната историја - ги осветлува животните приказни на многу припадници на работничката класа во Америка, поставувајќи го притоа неизбежното важно прашање: како ќе преживееме во ваков свет, без никој да заборави кои сме?

Односот меѓу мајката и синот ретко бил раскажуван со толку мачна тежина, во чија основа јасно сјаат моментите на наизменична нежност и емпатија. Со несекојдневна, лирски и метафорички богата проза, Оушн Буонг дава остар поглед кон американското секојдневје потонато во насилство, траума и опоидна зависност но, донесува и силен увид во виетнамската култура, најцврсто и најнепосредно втемелена во женските фигури на семејството на јунакот. Убавината на земјата за која пишува, а која постои само кратко, човек не може да ја заборави.

"Сурово, бестрашно. Во проза блескава и убедлива исто колку и неговата поезија, Вуонг ја истражува способноста на приказната да ги исцели генерациските рани." - Есквајер

"Еден од најубавите романи што сум ги прочитал досега, книжевно чудо и дело со извонредна човечност, вистински бисер." - Макс Портер, автор на романот Тагата е пернато суштество

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

На земјата сме кратко прекрасни

  • Издавачка куќа: Матица
  • Автор: Оушн Вуонг
  • Достапност: На залиха
  • 450 ден
  • 338 ден


  • 1 или повеќе 338 ден

Слични продукти

Арапот

Во земја каде што добрата репутација вреди повеќе и од љубовта, еден млад човек паѓа во искушение…Џо..

Автор:

343 ден 490 ден

Момент на неизбежното

Ана, богата млада девојка без емоции, бесрамно ги искористува и ги отфрла мажите, ги понижува и си и..

Автор:

368 ден 490 ден

Последната годишнина

Софи Ханивел отсекогаш се прашувала дали згрешила кога го оставила Томас Гордон. Бил совршен, но на ..

Автор:

392 ден 490 ден

12 стола

„12 стола“ е класика на светската сатира. Книга којашто Индепендент ја нарекува „Book Of A Life..

Автор:

350 ден 500 ден

Ознаки: na zemjata sme kratko prekrasni, ousn vuong