Оваа книга ја истражува умешноста како да ги преиспитувате своите мислења и како да им го менувате мислењето на другите.
Интелигенцијата често се оценува како способност за размислување и учење, но во свет што постојано се менува, постојат и друг тип вештини што значат многу повеќе: способноста за преиспитување и одучување. Секојдневно ги слушаме оние мислења што прават да се чувствуваме добро за себе, наместо идеи што ќе нѐ замислат. Секое несогласување го доживуваме како напад на нашето его, наместо како можност за учење нешто ново. Се опкружуваме со луѓе што се согласуваат со нашите заклучоци, наместо да избираме луѓе што ни го предизвикуваат начинот на размислување.
Новите докази ни покажуваат дека преиспитувањето како начин на размислување и вештина може да биде научено и Грант ни објаснува како да ги развиеме потребните квалитети за да го направиме тоа.
„Размислете уште еднаш“ е книга за разумното сомневање, како подобро да го прифатиме непознатото и да не се плашиме од грешките. Доказите потврдуваат дека креативните гении не ги врзува еден идентитет, туку константно се подготвени да ги преиспитаат своите ставови, а лидерите што признаваат дека нешто не знаат и бараат конструктивна критика водат попродуктивни и поиновативни тимови.
Слични продукти
Водич за животот на феноменалните девојки
Феноменалната девојка е паметна, софистицирана и секси. Со својот изглед и шарм, таа секогаш знае шт..
499 ден
Разговори со бога 1
Замислете да можете на Бога да му ги поставите најмистериозните прашања и претпоставете дека Бог ви ..
400 ден
Таблета против стравот
Ако нешто можеме да наречеме таблета против стравот, тогаш тоа е разумот. Стравот е емоција и тој е ..
420 ден
Менаџерот „Една минута“ во акција
Оваа книга покажува како техниките на „Менаџерот Една Минута“ можат да бидат применети во секојдневн..
399 ден
Ознаки: razmislete uste ednas, adam grant