"Нормални луѓе" е роман за моќта на привлекувањето, за пријателството и за љубовта помеѓу луѓето. Приказната започнува од првиот разговор до годините што следуваат преку животот на две лица, Конел и Мариан, кои се обидуваат да останат независни, но тоа никако не им успева.
Конел и Мариан пораснаа во истиот мал град, но сличностите завршуваат тука. На училиште, Конел е популарeн и сакан, додека Мариан е осамена. Но, кога двајцата се запознаваат, ќе започнат врска што ќе им го смени животот.
Една година подоцна, двајцата студираат на колеџот Тринити во Даблин. Сега ситуацијата е обратна, Мариан е една од најпопуларните девојки на колеџот, додека Конел живее на маргините, срамежлив и несигурен. За време на студентските денови, Мариан и Конел постојано се среќаваат, тие се во врска со други луѓе, но постојано се привлечени еден кон друг како со магнет. И, додека таа се препушта на самоуништувањето, тој започнува да бара друго значење на животот, двајцата мора да се соочат со тоа колку се подготвени и до каде може да оди едниот за да го спаси другиот.
Бестселер на Њујорк тајмс
„Феноменален роман за трансформативната моќ на врските“ - Пипл
„Виртуоз на пишувањето и приказна со одличен книжевен заплет“ - Џ. Кортни Саливан
Слични продукти
Четирите ветришта
Тексас, 1934. Милиони се без работа и невидена суша ги пустоши Големите рамнини. Фармерите се борат ..
500 ден
Убавата султанка
Само таа знаеше како да ја разгори страста на најмоќниот и стана единствената Французинка – царица н..
450 ден
Агнес
Јулија е господарка на сопствениот живот. Никој како неа не умее толку цврсто и разумно да ги држи к..
350 ден
Саботна бура
Тинејџерката Каси порасна во Лајден, град помеѓу Хаг и Амстердам. Но, нејзината мајка одеднаш одлучу..
350 ден
Ознаки: normalni lugje, sali runi

