Камо да знаев како е да се биде слободен.

Роман за неверојатната слобода и големата несигурност што таа ја носи со себе. Сурово искрената приказна на една повлечена девојка ни ги доловува личните, професионални и љубовни недоумици на младите во потрага по своето место во светот.

Не можејќи да се помири со ситуацијата што владее во нејзината родна Ирска, Ејва одлучува да си ја најде среќата во Хонгконг. Тука деновите ги минува предавајќи им англиски на богати дечиња, а ноќите избегнувајќи ги зајадливите цимерки во малото станче. Низ најразлични размисли, таа постепено ни ги открива својот карактер, борбата со ниската самодоверба и храбрите политички ставови.

Набрзо во нејзиниот живот ќе се појават две значајни личности. Благодарение на искуствата од двете сосем различни љубовни приказни, таа го открива патот за закрепнување од самоомразата. Пријателството со Џулијан и Идит ќе ја стави на значаен животен крстопат. Кој пат ќе го избере нејзиниот ум, а кој срцето?

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Возбудливи времиња

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Ниша Долан
  • Достапност: На залиха
  • 450 ден


Слични продукти

Споменот на него

По отслужувањето затворска казна од пет години за трагична грешка од минатото, Кена Роуан се враќа в..

Автор:

490 ден

Арапот

Во земја каде што добрата репутација вреди повеќе и од љубовта, еден млад човек паѓа во искушение…Џо..

Автор:

490 ден

Татјана и Александар 2

Татјана е осумнаесетгодишна трудна вдовица кога бега од војната во Ленинград со надеж за нов живот в..

Автор:

500 ден

Покана за Прованса

Која е цената што ја плаќаме за среќа во животот? Еден сосема нормален ден добивате покана за п..

Автор:

350 ден

Ознаки: vozbudlivi vreminja, nisa dolan