Јулија е господарка на сопствениот живот. Никој како неа не умее толку цврсто и разумно да ги држи конците на случувањата. Таа самата одлучува кога да забремени и на бременоста ѝ приоѓа со сета сериозност и деловна одговорност. Откако по неблагопријатниот тек на случувањата Јулија останува и без партнерот и без бебето, се решава да посвои дете. И тука навидум среќата ѝ се насмевнува: благодарение на способноста за преговарање успешно ја склучува зделката по која ја добива Агнес, новороденче од ромско потекло.
Од овој миг натаму доволно ќе биде да се согласуваат и Јулија ќе успее од Агнес да ја создаде Анешка, девојчето од мечтите, кое нема ништо заедничко со ромскиот народ. За да ѝ успее планот, Јулија ја смислува приказната дека Агнес има кубанско потекло, која потоа ќе им ја продава и на Агнес и на светот. И покрај сите усилби, Јулија постојано во Агнес ќе го препознава „повикот на крвта“. А можеби, сепак, „повикот на крвта“ е само плод на предрасудите на Јулија?
Слични продукти
Изгубената ќерка
Руска принцеза. Неверојатна жртва. Мистериозна тајна…Од авторката на бестселерот Тајната сопруга ни ..
490 ден
Кажа дека не се кае
Патот долг стотици километри за враќање дома ќе биде драматично искуство за пет жени.Доцна пролет, 1..
450 ден
Чуварка на семиња
"Чуварка на семиња" е незаборавен роман што опфаќа неколку генерации и ги следи борбата на едно дако..
630 ден
Атлас: Приказната на Тате Солт
1928 година, ПаризНајдоа едно момче, непосредно пред смртта. Го зеде едно учтиво семејство. Паметно ..
940 ден
Ознаки: agnes, viktorie hanisova
