Таа и нејзината другарка којашто ја има измислено се неразделни. Но, дали таа е жената која ја води низ животот или е само плод на имагинација?
Мејси е самохрана мајка која никогаш не ги исполнува очекувањата на најблиските. Таткото на нејзината ќерка ја гледа како да е психички нестабилна, но сепак тој ја прогонува. Каде и да оди, што и да прави, тој секогаш е таму да ги потенцира нејзините недостатоци и неуспеси.
Еден телефонски повик ѝ го менува животот во целост. Нејзината мајка е во кома и таа треба да донесе одлука дали да живее или да ја остави, и да ги напушти неа и нејзиниот предобар татко кој се соочува со обвинение за злоупотреба и занемарување. Тој ја чувал нејзината мајка три дена во кома без да повика итна помош. Нејзе не ѝ е јасно, како таткото што некогаш го сакаше, го изгуби паметот и од добар човек се претвори во монструм – неговата фантазија бега од реалноста и работите иако се измислица, ги прави да изгледаат реални…
И сè додека Мејси бара одговори, наидува на неискажливи тајни една по друга… одговорите ја враќаат назад во детството и таа станува опседната со девојчето со кое си играла како мала, кое порасна во жена. Откако знае за себе, таа е поврзана со неа. Принудена да ги истражи нејзините најмрачни спомени, открива за ликот кој ѝ е животна водилка – Марли, и конечно ја дознава вистината: дали таа навистина е реалност или трик на нејзината меморија која си играла со неа?
Слични продукти
Девојката од писмото
Срцепарателно писмо. Заклучена девојка. Нерешена мистерија.1956 година: Кога Ајви Џенкинс останува т..
450 ден
Бегај
Твојата ќерка е исчезната. Зависничка е од дрога и од момче кое ја малтретира. И ти ставила јас..
450 ден
Непобедлив
Вселенскиот брод „Непобедлив“ слетува на планетата Регис III. Задачата на неговиот екипаж е да ги от..
300 ден
Се колнам
Трауматичното минато и кошмарите од детството ја поттикнаа Бри да стане најдобра детективка за убист..
480 ден
Ознаки: sepni mi nesto, keri en king