"Ако можете да ја замислите сликата на која гавранот на Едгар Алан По очајнички се обидува да излета од мрачниот тунел на Ернесто Сабато, тогаш го добивате егзистенцијалниот и психолошки профил на Калина – млада, талентирана сликарка, чие учество на ликовната колонија во луксузната вила на уметникот Емилијан Де Ремарос, во Сиена, ненадејно ќе се претвори во длабока животна драма на себеоткривање, себеспознавање и борба со сопствените пороци. „Равенка на стравот“ е храбро соочување на индивидуата со потиснатите морални дилеми и стравови во себе; талкање низ мисловниот лавиринт на личноста во обид да се победи самотијата и да се оствари личната слобода и среќа. Како што раката на сликарот вешто ги нанесува боите врз белото платно, така раскажувачот создава магично-синестезичен свет од бои, звуци, мисли, перцепции, во кој сепак, последниот збор ѝ е посветен на љубовта." - Трајче Стамески
"Романот „Равенка на стравот“ е приказна-сведоштво за творечката еволуција на младата Верица Мукоска, како во насока на изградба на движењето и концизноста на мислата и нејзиниот јазичен израз, така и во поглед на кристализација на самите наративи, на две приказни – во Сиена и во Љубаништа, кои се надоврзуваат како голема и мала премиса." - Стефан Марковски
Слични продукти
Катедрали
Телото на седумнаесетгодишната Ана е најдено распарчано и спалено на празен плац во тивок кварт на Б..
450 ден
Кукларот
Јакоп е осаменик и чудак од раѓање, слеп патник во секое друштво. Оди на погреби на непознати луѓе, ..
400 ден
Во потрага по Ноел
Постојат приказни кои се чуваат во кутии со панделки, затворени. Таквите приказни се отвораат еднаш ..
460 ден
Љубовта е таа што не ја разбираме
Еден врел јулски ден семејството се вози со автомобил, а потоа возачот наеднаш кочи и се случува кав..
250 ден
Ознаки: ravenka na stravot, verica mukoska
