Бестселер бр. 1 на "Њујорк тајмс"
„Неодоливо возбудлива“ (според „Ентертејнмент викли“), мистерија за една жена што мисли дека ја нашла љубовта на својот живот – сè до мигот кога тој ќе исчезне.
Пред да исчезне, Овен Мајклс кришум ѝ праќа куса порака на својата љубена сопруга со која е во брак една година: Заштити ја. Иако е збунета и исплашена, Хана Хол точно знае на кого се однесуваат тие зборови – на Овеновата шеснаесетгодишна ќерка Бејли. Бејли, која како дете трагично ја изгубила мајка си. Бејли, која не сака да има апсолутно ништо со својата маќеа.
Хана не добива никаков одговор на сè поочајните повици до Овен, од ФБИ го апсат претпоставениот на Овен, американски федерален маршал и федерални агенти без најава ѝ се појавуваат на куќниот праг во Саусалито, и по сето тоа, Хана брзо сфаќа дека нејзиниот сопруг не е тој што велел дека е, но и дека веројатно, токму кај Бејли се наоѓа клучот за вистинскиот идентитет на Овен – и зошто, всушност, исчезнал.
Хана и Бејли решаваат да ја откријат вистината. Но, кога почнуваат да ги составуваат делчињата од минатото на Овен, сфаќаат дека истовремено заедно градат и една нова иднина – иднина што ниедна од нив не можела да ја замисли ни на сон.
Книга во изборот на книжевниот клуб "Риз Видерспун" Многу очекуваната, најдобра книга за летово во изборот на „ВОГ“, „ЈУ-ЕС-ЕЈ ТУДЕЈ“, „ЕНТЕРТЕЈНМЕНТ ВИКЛИ“, „СИ-ЕН-ЕН“, „ТАУН ЕНД КАНТРИ“, „ПАРЕЈД“, „БАСЛ“ и други!
Последното што тој ми го кажа
- Автор: Лаура Дејв
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
263 ден
-
- 1 или повеќе 263 ден
Слични продукти
Свадба во декември
За Роузи не постои ништо поромантично од тоа да се омажи со љубениот на БожиЌ. Но нејзиното семејств..
392 ден 490 ден
Дарбата на кројачката
Ова е една привлечна приказна за три млади жени кои се соочуваат со невозможен избор. Како ќе и..
368 ден 490 ден
Аферата Кристи
„Аферата Кристи“ од американската авторка Нина де Грамонт е роман што се заснова на вистински настан..
392 ден 490 ден
Ознаки: poslednoto sto toj mi go kaza, laura dejv
