Ако сакате да бидете херој, тоа е лесно. Само вршете си ја должноста!
Уште една инспиративна книга за доблестите на секојдневните херои од популарниот автор на "Намести си го креветот"! Потсетник дека насекаде околу нас постојат херои слични на оние кои Мекрејвен ги среќавал во својот живот.
Кога бил мал Мекрејвен сонувал да стане супермен, да има супермоќи со кои ќе им помага на луѓето. Но растејќи и патувајќи низ светот, сфатил дека насекаде има такви херои. Обични луѓе со квалитети што им даваат моќ да помагаат и да го направат светот поубаво место за живеење. Луѓе со физичка и морална храброст и длабоко чувство за интегритет, подготвени да се жртвуваат за другите. Секој од нас го носи во себе тој вроден код што постои уште од настанувањето на човечкиот род. Во секој од нас се крие херој.
"Кодексот на хероите" не е сложувалка или некоја тајна порака. Не е шифра, таен јазик или некаква загатка. Тој е збир од непишани правила за однесување, лекции за доблеста кои стануваат темел на нашиот карактер додека градиме животот вреден за почит.
Слични продукти
Зошто јас? Мојата борба со анксиозноста, стравовите и со паничните напади
„Зошто јас?“ е прашање што секој од нас си го поставил во одреден момент од животот. Во потрагата по..
290 ден
Мајстори на успехот
Во оваа книга тројцата највлијателни автори ви нудат проверен и доследен план како да создадете успе..
450 ден
Победување
Сурово искрена формула за победување во бизнисот, спортот или која било арена во која битката е безм..
420 ден
Мисли и збогати се : Практични чекори
Ништо не е невозможно кога желбата е поткрепена со цврста верба. За многу луѓе успехот изгледа ..
400 ден
Ознаки: kodeksot na heroite, vilijam mekrejven