Израснат во екстремно религиско семејство, кога пораснал, педантно и безмилосно тргнал во поход да се одмазди на сите секти за своето несреќно и заробено детство. Планот му го загрозува шише, пронајдено на морски брег, а потоа со години заборавено во шкотска полициска станица. Во шишето се наоѓа порака што е мошне уништена и тешко читлива. Единствено може да се забележи: ПОМОШ!
Кога шишето стигнува во рацете на инспекторот Карл Морк во Данска, заедно со помошниците Асад и Роуз тој ќе успее да дешифрира повеќе букви од пораката. Станува јасно дека некаде во деведесеттите години две момчиња биле киднапирани, а ова шише е единствениот знак на живот што тие го испратиле. Но кои се момчињата и зошто нивните родители никогаш не пријавиле дека се исчезнати? И, што се случило со нив?
„Порака во шише“ во 2010 година ја доби престижната награда „Стаклен клуч“ во категоријата најдобар нордиски крими-роман на годината.
Слични продукти
Клубот на убиства во четврток
Брилијантна четворка со неколку скриени трикови во ракавите, жена полицаец со својот прв голем ..
500 ден
Девојката од писмото
Срцепарателно писмо. Заклучена девојка. Нерешена мистерија.1956 година: Кога Ајви Џенкинс останува т..
450 ден
Куќа без спомени
Исчезнатото момче е пронајдено во шумата кога веќе сите ја изгубиле надежта. Николин има дванаесет г..
590 ден
Ловец на зајаци
Десет мали зајаци, сите облечени во бело,Се обидоа да летнат на небото со летачка.Врвцата на летачка..
550 ден
Ознаки: poraka vo sise, jusi adler-olsen