Книгата ги истражува мрачните вистини за растењето во дом исполнет со насилство и страв, како и последиците од живот без љубов од страна на оние што би требало да ги заштитат сопствените деца. Главен лик е млада девојка што живее со родителите и со помалиот брат Жил, единствената светла точка во нејзиниот живот. Нивниот дом е непријатно место исполнето со постојана закана од избувнувањата на насилниот татко, кој, освен телевизијата и алкохолот, го сака и мирисот на свежиот улов.

Мајката пак е целосно потчинета на барањата на својот насилен сопруг. Затоа, девојката е рамнодушна кон неа, затоа што прифатила таков живот и не ги штити неа и нејзиниот брат. Кога трагичната несреќа ќе ги раздели, а нејзиниот брат ќе стане нем „робот“ што полека се претвора во садистичко момче што ги тероризира другите, девојката се чувствува како да загубила сè на овој свет и е опседната со желбата да се врати во минатото и да го спаси братот од мрачната судбина.

Моќно и трогателно патување кон полнолетството. Возбудливиот деби-роман на Дједоне е приказна за полнолетството во која се судираат стварноста и илузијата.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Вистинскиот живот

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Аделин Дједоне
  • Достапност: На залиха
  • 300 ден
  • 225 ден


  • 1 или повеќе 225 ден

Слични продукти

Чудни цвеќиња

Чудни цвеќиња е приказна за прогонството и враќањето, за загубата и откривањето, за залекувањето од ..

Автор:

245 ден 350 ден

Збогум, сеништа

Ида има триесет и нешто години, живее со својот сопруг во Рим и работи за радиостаница. Тукушто прис..

Автор:

225 ден 300 ден

Еленор Олифант е океј

Запознајте ја Еленор Олифант. Таа е девојка со тајни со кои не може да се соочи цел живот. Таа си им..

Автор:

320 ден 400 ден

Синџирот

Кога една мајка е мета на опасна група луѓе, таа мора да стори злосторство за да ја спаси својата ки..

Автор:

375 ден 500 ден

Ознаки: vistinskiot zivot, adelin djedone