Дали се работи за гест на добра волја или, пак, злобна замка што го намамува Руперт Сент Винсент и неговото семејство на еден прекрасен имот? Колкав ли е очајот на Џојс Ламберт, сиромашна млада вдовица, чијшто единствен излез за подобар живот е да се омажи за човек кого го презира? Каква неочекувана околност ја разбранува поранешната лојалност на Теодора Дарел, неверна сопруга која штотуку е подготвена да избега со својот љубовник?
Во оваа збирка раскази, Агата Кристи, иако мајстор на крими-мистериите, нè води од чудни романтични сплетки, натприродни појави и класично убиство до нови инвентивни височини.
Збирката раскази „Златната топка и други раскази“, објавена во 1971 година, ги содржи петнаесетте најдобри раскази од други три збирки („Мистеријата на лорд Листердејл“, „Загарот на смртта“ и „Проблемот на Поленса Беј и други раскази“). Овие раскази изобилуваат со моменти на романса, мистерија и неизвесност и претставуваат вистинско задоволство за сите љубители на оваа куса наративна книжевна форма.
Златната топка и други раскази
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Агата Кристи
- Достапност: На залиха
- 380 ден
-
304 ден
-
- 1 или повеќе 304 ден
Слични продукти
Под ѓаволовиот мост
Клејтон е почитуван семеен човек; татко, сопруг, професор, тренер и училишен советник, кој пред пове..
392 ден 490 ден
Девојката Смрт
Додека се враќа со воз во родното место, на Марија, главниот лик и раскажувач во романот, ѝ се нижат..
263 ден 350 ден
