Покојниот Ричард Абернети нема јасен наследник на неговиот имот, така што остава тестамент за поделба на богатството меѓу повеќе членови на неговото семејство. Собрани во Ендерби хол, викторијанската куќа на Абернети, наследниците се во очекување на објавата на тестаментот. Во таа пригода, атмосферата ја нарушува една забелешка на Кора Ланскенет, помладата сестра на Абернети, која вели: „Но, тој беше убиен, нели?“
Сите во семејството се вознемирени од оваа изјава, бидејќи Ричард Абернети се сметал за починат од природна смрт, но вистинскиот шок следува следниот ден кога ја наоѓаат Кора брутално убиена во својот дом. Господинот Ентвисл, семеен адвокат и извршител на тестаментот, го повикува својот пријател и славен детектив Херкул Поаро да помогне во расветлување на случајот...
Романот „По погребот“, објавен во 1953 година, е приказна со интересни пресврти и необичен завршеток, каде што повторно до израз доаѓа генијалноста на Поаро, но, освен криминалистичкиот аспект во ова дело, авторката дава и увид во животот на Англија по Втората светска војна и нејзиното влијание врз општеството.
Слични продукти
Мементо за Истанбул
Каков воодушевувачки и брзочитачки детективски роман од перото на турскиот Агата Кристи.Мртво тело с..
500 ден
Токио
Греј е во Токио во потрага по изгубен филм, што ги прикажува настаните од Нанкинг. Велат дека филмот..
470 ден
Се колнам
Трауматичното минато и кошмарите од детството ја поттикнаа Бри да стане најдобра детективка за убист..
480 ден
Мимики
Што кога ќе те обвинат за убиството на сопственото семејство?Хана се буди во мотелска соба и не може..
550 ден
Ознаки: po pogrebot, agata kristi
