Госпоѓа Елспет Мекгиликади се враќа од пазарување во пресрет на божиќните празници со попладневниот воз од Падингтон. Удобно сместена на своето место во возот, задоволна со сè што купила, во еден миг станува сведок на грозоморно убиство. На несекојдневен начин, таа успева да забележи сцена во која гледа маж како ги стега рацете околу вратот на една жена, лице в лице со него, а тој безмилосно ја дави.

Убиството што г-ѓа Мекгиликади го посведочува, всушност се одвива во друг воз што во тој момент бавно се разминува со нејзиниот воз. Но, мистеријата почнува кога нема да се пронајде мртвото тело на убиената жена и никој нема да поверува во приказната. Никој освен г-ѓицата Џејн Марпл, која нема да одолее на предизвикот да го реши овој необичен случај...

Романот „Во 16.50 часот од станицата Падингтон“, објавен во 1957 година, а исто така и повеќепати филмуван, е едно од попознатите дела на Агата Кристи со Џејн Марпл во детективска улога. Приказната се развива со необичен тек, а читателите од почетокот, па сè до крајот се во неизвесност за тоа како ќе се случи расплетот.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Во 16.50 од станицата Падингтон

  • Издавачка куќа: Арс Ламина
  • Автор: Агата Кристи
  • Достапност: На залиха
  • 380 ден
  • 304 ден


  • 1 или повеќе 304 ден

Слични продукти

Цртежи од темнината

Жестоко и имагинативно исплетен натприроден трилер, за девојка која работи како дадилка на детенце с..

Автор:

450 ден 600 ден

Невидлива

Рејчел е средовечна жена во менопауза. Таа во цутот на нејзината младост била сон на секој маж. Од м..

Автор:

322 ден 460 ден

Тајната аптека

1791 година. Една студена февруарска ноќ, во тајна аптека скриена зад лажен ѕид, во задниот дел..

Автор:

315 ден 450 ден

Мистерија

Тед Макеј има се: прекрасна сопруга, две ќерки и добро платена работа. Но, откако ќе открие дека има..

Автор:

315 ден 420 ден

Ознаки: vo 16.50 od stanicata padington, agata kristi