• Тао Те Чинг

"Тао те чинг" не е израз само на филозофијата и мистиката на Истокот. Езотерична и истовремено практична книга применлива во животот на современиот човек, таа е ода на мудроста од вечниот извор што го носиме во себе.

Учењето на таоизмот и на „Стариот учител“ нуди одговори за најразлични животни прашања, а идејата за умствена и душевна рамнотежа ја прави корисна и во бизнисот и во политиката. Следењето на овие концепти доведува до разбирање на сите нешта во човековата природа, поставувајќи го себепознанието како највисока мудрост. Тие го покажуваат патот до внатрешната сила и моралното живеење што, всушност, е и целта и значењето на тао или правиот пат...

Ова ремек-дело на кинескиот мудрец Лао Це е задолжителен прирачник за сите кои сакаат да живеат во хармонија со себеси, со другите луѓе и со природата. Иако е напишано пред повеќе од 2.500 години на Далечниот Исток, концептите и учењата што ги изнесува никогаш не биле порелевантни за современиот западен свет. "Тао те чинг" е практичен водич до идеалната личност што треба да ја постигне секој поединец.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Тао Те Чинг

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Лао Це
  • Достапност: На залиха
  • 199 ден
  • 169 ден


  • 1 или повеќе 169 ден

Ознаки: tao te cing, lao ce