• Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак

Цукуру Тазаки има четворица најдобри пријатели. Секој од нив во своето име содржи боја. Сите, освен Цукуру. Нивното пријателство е толку интензивно, искрено и силно што изгледа речиси нескршливо. Сè до еден ден. Ден кога се прекинува грубо и одненадеж. Кога тие му соопштуваат дека не сакаат да го видат или да зборуваат со него, никогаш повеќе. Оваа случка толку го погодува Цукуру што му го менува неповратно животот. Оттогаш минуваат години, безбојни и испразнети, сè додека не ја сретне Сара, која ќе го поттурне во едно необично, од животно значење, патување...

Роман за љубовта, пријателството, болката која трае. Исклучителна приказна за младото момче прогонувано од огромна загуба, за соништата, кошмарите и за патувањата назад во минатото. Вистински пример за мајсторство на јазикот и на психолошкото портретирање на ликовите, нивните битки и премрежија, ова е роман кој хипнотизира. Безбојниот Цукуру Тазаки... не е книга за еден ден, ова е книга која го обојува животот на секој читател, засекогаш!

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Харуки Мураками
  • Достапност: На залиха
  • 500 ден
  • 425 ден


  • 1 или повеќе 425 ден

Ознаки: bezbojniot cukuru tazaki i negovite godini na adjilak, haruki murakami