• Мали тајни

Сè што е потребно да се разоткрие нечиј живот е само една мала тајна…

Марин има совршен живот. Омажена за својата љубов од факултетските денови, таа е сопственичка на синџир елитни фризерски салони, додека сопругот Дерек управува со сопствена компанија. Тие се почитувани членови во својата заедница и семејство полно со љубов. Сè додека не им се распадне светот дента кога е киднапиран нивниот син Себастијан.

Една година подоцна, Марин е претворена во сениште. ФБИ изгубило секаква трага. Таа и нејзиниот сопруг одвај зборуваат еден со друг. Марин најмува приватен детектив да продолжи со истрагата, но, наместо да го најде Себастијан, открива дека Дерек има афера со помлада жена. Ова откритие ја враќа Марин во живот. Го изгуби својот син, но нема да дозволи да го изгуби и сопругот. Кензи е непријател со име и презиме, што значи дека ова е проблем што Марин може да го реши...

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Мали тајни

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Џенифер Хилиер
  • Достапност: На залиха
  • 400 ден


Ознаки: mali tajni, djenifer hilier