„Мудар родител – време е за градинка“ е книга што е од суштинско значење за сите родители што имаат деца на возраст од две до шест години. Со неа ќе станете родител каков што отсекогаш сте сакале да бидете!

Психологинката и семејна терапевтка Хедвиг Монтгомери одговара на сите прашања поврзани со децата што се на предучилишна возраст: Што значи доброто воспитување? На кој начин детето расте и се развива преку играта? Колку е важно за детето да се дружи со другите деца? Дали караницата меѓу браќата и/или сестрите е опасна? Како да излезете накрај со неволите, бујната фантазија и со сите нови емоции што ќе го обликуваат детското секојдневје? Во периодот кога одат во градинка, децата се многу љубопитни и тогаш го формираат односот кон светот што ги опкружува. Затоа вашата најважна задача е да допрете до нив и заедно да ги дискутирате доживувањата и искуствата со кои се соочуваат. Детето треба да сфати дека вие сте водич од доверба.

Норвешкиот серијал од пет книги Мудар родител почна да се објавува во 2018 година и стана меѓународна сензација што се чита во над 25 земји.

„Оваа книга треба да биде задолжително четиво за секој родител. Ќе ве натера да размислите како дејствуваат молчењето и казните и кои се последиците од нив. Ако секој од нас научи да излегува накрај на различен начин, тогаш децата ќе се чувствуваат многу подобро.“ – Рајнер Бергерсен, управител на градинка

„Проникнува директно во суштината на она што треба да го знаат родителите.“ – Јеспер Јул

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Мудар родител – време е за градинка

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Хедвиг Монтгомери
  • Достапност: На залиха
  • 650 ден


Слични продукти

Асана, Пранајама, Мудра, Бандха

"Асана, Пранајама, Мудра, Бандха" е еден од најсистематските водичи за јога на денешнината. Од нејзи..

Автор:

500 ден

Фрустрација

Оваа инспиративна, сугестивна книга има за цел да ги поттикне луѓето да ја откријат и прифатат висти..

Автор:

300 ден

Дракер за секој ден

Сега, за првпат, најмоќните идеи на Дракер се собрани на едно место – Дракер за секој ден. Компилаци..

Автор:

699 ден

Познавање на животот

Инспиративно дело кое нуди насоки и мудри совети за да ја зголемиме нашата свесност за себе и за зна..

Автор:

300 ден

Ознаки: mudar roditel, vreme e za gradinka, hedvig montgomeri