1941 г. Букурешт: една ледена јануарска ноќ, мало четиригодишно девојче седеше смрзнато на надворешните скали пред станбена зграда. Неговите родители беа приморани да го напуштат. Девојчето кое го нарекоа Наталија, го сместија во сиропиталиште, а подоцна беше посвоено од богат пар без деца.

Романија беше во сојуз со нацистите, еврејското население стана подложно на сѐ посилно прогонство. Гладот беше поголем од достоинството, војната ги трансформира човечките суштества на незамислив начин. Животот на Наталија беше обоен во сите нијанси на сиво. Трагите од нејзиното потекло ја пробиваа површината на нејзиното секојдневие, постепено доаѓајќи до откритие што ја менува нејзината судбина. Таа се вљуби во сиромашен и амбициозен студент Виктор – пријател на нејзиниот татко.

Години подоцна – кога Наталија работи во фабрика, патиштата со Виктор повторно им се вкрстуваат; тој е сега висок функционер во комунистичкиот режим. Овој пат тие се судбински вовлечени во страсна афера и покрај препреките и мрачните тајни на Виктор. Кога Наталија добива шанса за подобар живот, Виктор е спремен да ѝ помогне, дури и по цена да ја изгуби.

Наталија е пред тешка одлука: Дали да остане во Букурешт со нејзините сакани родители кои ја посвоија и со човекот што го љуби или да ја искористи оваа едниствена можност конечно да  живее по свои правила, соочувајќи се со болната загадочност на нејзиното минато. Неизвесноста што следуваше ја застрашуваше повеќе и од самите бомби...

Среќата имаше цена која некој треба да ја плати.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Девојчето што го оставија зад себе

  • Издавачка куќа: Книгохоличари
  • Автор: Роксана Велецос
  • Достапност: На залиха
  • 460 ден


Слични продукти

Девојките од платната

Овој возбудлив роман е сместен во бел епок, париското златно време на убавината и бонвиваните, апсин..

Автор:

480 ден

Книгољупци

Едно лето. Двајца соперници. И заплет каков што ниеден од нив не очекува…Сиот живот на Нора Стивенс ..

Автор:

550 ден

Виртуоз

Славниот пејач Гаспаро, кој уште како дете е кастриран за да може да изведува виртуозни перформанси ..

Автор:

399 ден

Часови по измама

ПатникИмам сѐ, а врз мапатана мојата душа празни местасѐ уште вдлабени. Неистраженипредели каде што ..

Автор:

200 ден

Ознаки: devojceto sto go ostavija zad sebe, roksana velecos